| четврток, 6 декември 2018 |

Мечка нападнала ловец во Дебарца

Во близина на село Песочан, поточно  помеѓу селата  Песочан и Ново село  мечка нападна ловџија, дознава “Охриднет”.

Засега не се знае дали ловџијата бил сам или со група ловџии. Се претпоставува дека биле група пријатели на лов во Дебарца.  Инцидентот се случил пред малку и засега не се знае какви повреди му нанела мечката на ловџијата.

Од СВР Охрид  за “Охриднет”го потврдија  настанот, но засега не соопштуваат детали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top