| четврток, 6 декември 2018 |

Калиопи прв пат зборува за својот син Пако

Иако е отворена за сите прашања поврзани со неа и нејзината кариера, Калиопи успешно го крие приватниот живот. Во едно од ретките интервјуа во кои зборува за нејзиното семејство, таа открива дека нејзиниот син Пако не ѝ замерил што го оставила во Швајцарија.

– Мојот син е мојот најголем фан и никогаш не се налути дека се вратив во Македонија, а него го оставив во Швајцарија. Тој знае со што се занимавам и сигурна сум дека ако не отидев во Македонија и да не ги постигнав тие успеси, денеска тој ќе беше лут на мене. Само кога човек е среќен, тогаш е добар и за останатите луѓе. Пако има дарба за уметност, но не се пронаоѓа во нашата работа. Сака да поминува време со својот татко додека тој пишува песни за мене. Пако е нашиот најголем критичар – открива Калиопи за српскиот магазин „Хело“.

Интервјуто кое Калиопи го даде за српското списание е по повод нејзиниот концерт во Белград, како дел од нејзината балканска турнеја, а целото може да го прочитате тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top