| четврток, 6 декември 2018 |

Николиќ и Вартоломеј ја загубија битката со српската црковна мафија

 

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Цр­ква­та, ко­ја са­мо во пос­лед­ни­ве де­се­ти­на го­ди­ни се со­о­чи со те­шки кри­вич­ни де­ла на­пра­ве­ни од сво­и­те вла­ди­ци, цр­ква­та, ко­ја со де­це­нии то­ле­ри­ра­ла ми­тро­по­ли­ти ка­ко Ка­ча­вен­да или Па­хо­мие, кои од по­зи­ци­ја на цр­ков­ни до­сто­инс­тве­ни­ци се­ксу­ал­но зло­у­по­тре­бу­ва­ле де­ца, цр­ква­та, ко­ја во сво­и­те ре­до­ви при­ми осу­ден вла­ди­ка, кој по­тоа се свр­ти про­тив сво­јот на­род, сѐ уште збо­ру­ва за мо­рал и оце­ну­ва туѓ цр­ко­вен жи­вот.

 

Срп­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква не се отка­жу­ва од оби­дот да вла­дее во епар­хи­и­те на Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква. Со сво­јот пос­ле­ден го­вор–пре­вод во Ниш, пог­ла­ва­рот на СПЦ, вла­ди­ка­та ни­шки Ири­неј, го за­це­мен­ти­ра ста­вот на Све­ти­от си­нод на СПЦ по се­ко­ја це­на да се оп­ста­не на не­ги­ра­ње на Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква – Охрид­ска ар­хи­е­пи­ско­пи­ја. Во тој обид да се по­ка­же си­ла СПЦ го жр­тву­ва­ше и пре­тсе­да­те­лот на Ср­би­ја, То­мис­лав Ни­ко­лиќ, кој ми­на­та­та го­ди­на и пред по­се­та­та на Скоп­је и по вра­ќа­ње­то во Бел­град за срп­ски­те ме­ди­у­ми јав­но ка­жа де­ка, за раз­ли­ка од не­по­стој­на­та, за не­го, Цр­но­гор­ска пра­вос­лав­на цр­ква – Ма­ке­дон­ска­та по­стои и со неа тре­ба да се нај­де до­го­вор. По­ли­тич­ки­те про­тив­ни­ци на Ни­ко­лиќ, кој ва­жи за бли­зок на Све­ти­от си­нод на СПЦ, ова ома­ло­ва­жу­ва­ње од стра­на на Ири­неј ве­ќе го пла­ни­ра­ат за на­ред­на­та из­бор­на тр­ка во ко­ја се­ко­гаш СПЦ има­ла сил­но вли­ја­ние кај срп­ски­те гла­са­чи. Де­ка Све­ти­от си­нод на СПЦ е по­до­бар по­ли­ти­чар од Ни­ко­лиќ се по­ка­жа и во слу­ча­јот со срп­ски­от пре­тсе­да­тел, но и со все­лен­ски­от па­три­јарх Вар­то­ло­меј, кој по­ра­ди ин­те­ре­си­те на Ири­неј и ра­ди­кал­но­то кри­ло што го пред­во­ди до­жи­веа да би­де по­ни­жен отка­ко мо­ра­ше, ба­рем фор­мал­но, да ги пов­ле­че збо­ро­ви­те иска­жа­ни за вре­ме на по­гре­бот на по­кој­ни­от пог­ла­вар Пав­ле. То­гаш ца­ри­град­ски­от па­три­јарх јав­но по­ра­ча де­ка но­ви­от пог­ла­вар на СПЦ ќе мо­ра да сед­на на ма­са со МПЦ – ОА за да нај­де ре­ше­ние, со што ин­ди­рект­но ја приз­на ма­ке­дон­ска­та цр­ква ка­ко рам­но­прав­на со срп­ска­та.

Дел од ана­ли­ти­ча­ри­те пов­ле­ку­ва­ње­то на Вар­то­ло­меј од сво­и­те ста­во­ви го об­јас­ну­ва­ат со се­ри­оз­ни­те би­тки за прев­ласт што по­сто­јат во пра­вос­лав­ни­от свет. Во слу­ча­јот, Вар­то­ло­меј мо­ра да игра ка­ко што му сви­рат во Бел­град за­тоа што во ди­рект­на­та прес­ме­тка што ја има со ру­ски­от па­три­јарх Ки­рил не­му му е не­оп­ход­но да ја има срп­ска­та цр­ква на сво­ја стра­на или ба­рем ка­ко не­у­трал­на стра­на во би­тка­та за прев­ласт во пра­вос­ла­ви­е­то. Поз­на­вај­ќи ги до­бро за­тку­лис­ни­те игри на ре­ла­ци­ја Мос­ква – Истан­бул во кои и са­ми­те учес­тву­ва­ат, срп­ски­те вла­ди­ци око­лу Ири­неј овој пат го зло­у­по­тре­би­ја Вар­то­ло­меј за свои по­тре­би.

Офи­ци­јал­но, тие се дви­жат во пра­вец на про­це­ду­ра­та за до­би­ва­ње авто­ке­фал­ност и ка­нон­ска­та об­вр­ска на МПЦ да до­бие то­мос од стра­на на СПЦ. Не­о­фи­ци­јал­но, проб­ле­мот на СПЦ е од дру­га, ма­те­ри­јал­на при­ро­да. Се раз­би­ра, Вар­то­ло­меј ни­ко­гаш не­ма да би­де ин­фор­ми­ран де­ка Ири­неј не се отка­жу­ва од имо­ти­те на СПЦ во Ма­ке­до­ни­ја што, спо­ред мно­гу­ми­на до­бро упа­те­ни во спо­рот ме­ѓу две­те цр­кви, е ед­на од преч­ки­те за на­о­ѓа­ње ре­ше­ние. Спо­ред ед­но од сце­на­ри­ја­та што беа мож­ни до­кол­ку во 2001 го­ди­на бе­ше при­фа­тен та­ка­на­ре­че­ни­от Ни­шки до­го­вор во та­ка­на­ре­че­на­та тран­зи­ци­ска фа­за до це­лос­на не­за­вис­ност на МПЦ, а за ко­ја ни­кој не знае кол­ку дол­го би тра­е­ла, ма­ке­дон­ска­та цр­ква ќе тре­ба­ше да од­во­ју­ва се­ри­о­зен про­цент од сво­и­те при­хо­ди за ка­са­та на СПЦ во Бел­град. Се раз­би­ра, Вар­то­ло­меј ни­ко­гаш не­ма да доз­нае де­ка срп­ски­те вла­ди­ци не жа­лат са­мо за ма­на­сти­ри­те и за цр­кви­те во Ма­ке­до­ни­ја, кои тие ги сме­та­ат за свои, ту­ку, пред сѐ за па­ри­те што мо­жеа да ги до­би­јат до­кол­ку по­ми­не­ше пот­пи­ша­ни­от до­го­вор во Ниш. Спо­ред не­по­твр­де­ни ин­фор­ма­ции, са­мо од ма­на­сти­рот „Све­ти Про­хор Пчињ­ски“, кој сво­е­вре­ме­но ѝ е вра­тен на СПЦ, вла­ди­ка­та врањ­ски Па­хо­мие и цен­тра­ла­та во Бел­град го­диш­но има­ат по­ве­ќе од еден ми­ли­он евра при­ход. Мо­же­те да за­мис­ли­те за кол­ку па­ри се ра­бо­ти ако се прес­ме­та­ат си­те при­хо­ди на ма­на­сти­ри­те од та­ков ранг во Ма­ке­до­ни­ја, па ма­кар и да се ра­бо­ти са­мо за про­цент од при­хо­ди­те.

Па­три­јар­хот кон­стан­ти­но­пол­ски не­ма да доз­нае ни­ту за бе­сот кај срп­ски­те вла­ди­ци, кои го ма­ни­фе­сти­раа отка­ко во зем­ја­ва за­вр­ши про­це­сот на де­на­ци­о­на­ли­за­ци­ја на вер­ски­те имо­ти со кои и фор­мал­но ис­чез­на на­деж­та де­ка дел од имо­ти­те што во ми­на­то­то би­ле сме­та­ни за сопс­тве­ност на СПЦ ве­ќе не мо­жат да би­дат пред­мет на ка­кви би­ло транс­ак­ции или вра­ќа­ње ка­ко што по­тај­но се на­де­ва­ле дел од срп­ски­те вла­ди­ци.

Срп­ски­те ар­гу­мен­ти за Вар­то­ло­меј

Дел од тие што се кон­сул­ти­ра­ни при пи­шу­ва­ње­то на оваа ко­лум­на, а кои од­лич­но го поз­на­ва­ат спо­рот ме­ѓу две­те цр­кви, ука­жу­ва­ат на вни­ма­тел­но чи­та­ње на Ни­шки­от до­го­вор во кон­текст на проб­ле­мот со Гр­ци­ја, без при­тоа да по­со­чат на што точ­но мис­лат. И, на­ви­сти­на, од пр­во­то чи­та­ње на до­ку­мен­тот на кој свој пот­пис ста­ви­ја вла­ди­ци­те Пе­тар , На­ум и Ти­мо­теј, ка­ко порт­па­рол на МПЦ – ОА, ду­ри и ла­ик вед­наш мо­же да го пре­поз­нае ста­вот на СПЦ, то­гаш пре­ку нив­ни­от пот­пис прет­ста­ве­на од ми­тро­по­ли­тот цр­но­гор­ско-при­мор­ски Ам­фи­ло­хи­је, епи­ско­пот ни­шки Ири­неј, епи­ско­пот бач­ки Ири­неј и епи­ско­пот врањ­ски Па­хо­ми­је.

Во Ни­шки­от до­го­вор ни­ту ед­наш не се спо­ме­ну­ва име­то на Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква или кра­тен­ка­та МПЦ. Во це­ли­от текст по­сто­ја­но се упо­тре­бу­ва фра­за­та „цр­ква­та за ко­ја ста­ну­ва збор“. Спо­ред до­го­во­рот, СПЦ ги приз­на­ва „по­стој­ни­те епар­хии на пра­вос­лав­на­та цр­ква во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја“, но не ги при­фа­ќа или име­ну­ва ка­ко епар­хии на МПЦ со што ди­рект­но оди на ра­ка на Грч­ка­та цр­ква, ко­ја не са­ка да чуе за Ма­ке­дон­ска цр­ква.

Имај­ќи го ова пред­вид, јас­на е це­ла­та сли­ка зо­што на од­бе­ле­жу­ва­ње­то на Ми­лан­ски­от едикт, за не­у­па­те­ни­те, се слу­чи це­лос­но бло­ки­ра­ње и по­ка­жу­ва­ње си­ла кон МПЦ – ОА и кон Ма­ке­до­ни­ја ка­ко др­жа­ва. Јас­но е и зо­што во Ниш не беа ни­ту двај­ца­та чле­но­ви на Ма­ке­дон­ска­та ака­де­ми­ја на на­у­ки­те и на умет­но­сти­те, кои во сог­лас­ност со до­го­во­рот на МАНУ со Срп­ска­та ака­де­ми­ја на на­у­ки­те и на умет­но­сти­те (САНУ) тре­ба­ше да би­дат го­сти на прос­ла­ва­та во чест на ми­лан­ски­от едикт. По­ка­ни­те што беа нај­а­ве­ни од Бел­град за ака­де­ми­ци­те Цве­тан Гроз­да­нов и за не­го­ва­та со­пру­га, про­фе­сор Ве­ра Би­тра­ко­ва, од по­ли­тич­ко-цр­ков­ни при­чи­ни ни­ко­гаш не при­стиг­наа во Скоп­је. За раз­ли­ка од до­се­га ко­рект­ни­от од­нос на срп­ски­те вла­сти од раз­лич­ни про­ве­ни­ен­ции, кои јав­но ја при­фа­ти­ја ре­ал­но­ста за по­сто­е­ње ма­ке­дон­ска др­жа­ва, на­ци­ја и цр­ква, срп­ски­те вла­ди­ци сѐ уште не мо­жат да се отка­жат од со­нот во кој, ма­кар ин­ди­рект­но, би вла­де­е­ле со, ка­ко што ги до­жи­ву­ва­ат, не­о­све­сте­ни­те „јуж­но­ср­би­јан­ски“ вер­ни­ци на југ од Вра­ње.

goran-kol-20-nikolic-vladici

Што по Ниш?

Пос­лед­ни­те на­ста­ни во род­но­то ме­сто на пос­лед­ни­от им­пе­ра­тор што вла­де­ел со це­ла­та те­ри­то­ри­ја на Рим­ско­то Царс­тво се те­шки за слу­ша­ње до­кол­ку сте пра­вос­ла­вен вер­ник. Да би­де­те ек­ско­му­ни­ци­ра­ни од пра­вос­лав­на­та еку­ме­на иа­ко ни­ко­му ни­што не се згре­ши­ле е те­шко да се при­фа­ти, но са­мо ако не зна­е­те де­ка во овој од­нос нај­мал­ку има ве­ра, а најм­но­гу по­ли­ти­ка, вли­ја­ние, моќ, па­ри и чо­веч­ка су­е­та. Нај­до­бри­от од­го­вор на МПЦ – ОА е тр­пе­ние и по­до­бру­ва­ње на од­но­сот со сво­и­те вер­ни­ци ка­ко и поч­ну­ва­ње но­ви ини­ци­ја­ти­ви со кои вла­ди­ци­те ќе би­дат пред­вод­ни­ци на оп­што­то ду­хов­но пре­стро­ју­ва­ње што ѝ е по­треб­но и на цр­ква­та, но и на Ма­ке­до­ни­ја.

По­да­ва­ње­то ра­ка кон по­кај­ни­ци­те во ре­до­ви­те на Зо­ран Вра­ни­шков­ски и нив­но вра­ќа­ње ме­ѓу сво­јот на­род е дру­ги­от ва­жен че­кор што тре­ба да го на­пра­ви све­ти­от си­нод на МПЦ – ОА. Хри­сти­јан­ски­от при­стап и про­шка­та кон си­те што згре­ши­ле не ги пра­ват пос­ла­би вла­ди­ци­те и цр­ква­та, ту­ку на­про­тив. Се раз­би­ра, вра­ќа­ње­то на „за­гу­бе­ни­те че­да“ не­ма да би­де лес­но по си­те ло­ши ра­бо­ти што се слу­чи­ја на ре­ла­ци­ја МПЦ – гру­па­та. При­ме­рот со све­ште­ни­кот Ата­на­сиј, кој пред не­кол­ку го­ди­ни сфа­ти де­ка по­гре­шил ко­га по­ра­ди ин­те­ре­си­те на Срп­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква и на Грч­ка­та пра­вос­лав­на цр­ква и на не­го­ви­от мен­тор Вра­ни­шков­ски се свр­тел про­тив сво­и­те и се вра­ти во МПЦ е до­бар при­мер ка­ко во ид­ни­на тре­ба да по­ста­пу­ва Ма­ке­дон­ска­та цр­ква во оби­дот да ја по­до­бри сво­ја­та по­зи­ци­ја. Лич­на­та су­е­та кај дел од вла­ди­ци­те не смее да би­де преч­ка за вра­ќа­ње на дел од по­кај­ни­ци­те од ре­до­ви­те на Вра­ни­шков­ски, осо­бе­но што и на не­го­ви­те најб­ли­ски со­ра­бот­ни­ци им е јас­но де­ка и сто­па­ти Ири­неј или Вар­то­ло­меј да ка­жат де­ка МПЦ – ОА е па­ра­цр­ква не мо­жат да го по­ни­штат фа­ктот де­ка Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква со си­те свои ма­ни и доб­ле­сти е стол­бот око­лу кој е фор­ми­ра­на и сѐ уште се пот­пи­ра ма­ке­дон­ска­та на­ци­ја. А тие под пла­штот на ира­ци­о­нал­но­то ка­нон­ско единс­тво во пра­вос­лав­на­та еку­ме­на, кое не зна­чи ни­што ни­ту за обич­ни­от вер­ник ни­ту за цр­ква­та ге­не­рал­но, сѐ уште ра­бо­тат за ту­ѓи ин­те­ре­си, про­тив сво­и­те бра­ќа и се­стри. Ка­ко што им е јас­но и де­ка евен­ту­ал­но­то ос­ло­бо­ду­ва­ње на Вра­ни­шков­ски, кое, спо­ред авто­рот на овие ре­до­ви, тре­ба да се слу­чи кол­ку што е мож­но по­бр­зо, не мо­же да про­ме­ни ни­што во од­но­сот на си­ли­те за­тоа што ма­ке­дон­ски­те пра­вос­лав­ни вер­ни­ци кол­ку и да има­ат за­бе­ле­шки за сво­и­те вла­ди­ци, се­ко­гаш ќе за­ста­нат про­тив тие што ме­сто ма­ке­дон­ски ко­ри­стат срп­ски, грч­ки, или бу­гар­ски ја­зик во сво­и­те мо­ли­тви во кои се мо­лат за „сво­и­те“ Ма­ке­дон­ци.

Што е Ми­лан­ски едикт?

Ми­лан­ски­от едикт прет­ста­ву­ва указ про­пи­шан од стра­на на рим­ски­те им­пе­ра­то­ри Лициниј и Константин Први Велики, со кој би­ла прог­ла­се­на вер­ска рам­но­прав­ност во им­пе­ри­ја­та и би­ло ста­ве­но крај на про­го­ни­те на христијаните, кои тра­е­ле око­лу три ве­ка. Ука­зот бил из­да­ден во де­неш­но Ми­ла­но.

По аб­дик­ци­ја­та на Диоклецијан и на Максимијан во 305 го­ди­на, за но­ви вла­де­те­ли би­ле прог­ла­се­ни Галериј и Констанциј Први Хлор. Га­ле­риј за це­зар на источ­ни­те про­вин­ции на им­пе­ри­ја­та го наз­на­чил Максимијан Даја, а за це­зар на Италија и на афри­кан­ски­те про­вин­ции го наз­на­чил Флавиј Валериј Север. За прв­пат во 311 го­ди­на Галериј из­дал едикт за пре­кра­ту­ва­ње на про­го­ни­те на хри­сти­ја­ни­те, но по­чи­нал по са­мо не­кол­ку де­на. На не­го­во ме­сто за­ста­на­ле Лициниј и Кон­стан­тин ка­ко ед­ни од нај­го­ле­ми­те под­др­жу­ва­чи на хри­сти­јанс­тво­то. Од дру­га стра­на, пак, за­ста­на­ле Ма­кси­мин Де­ја и Ма­ксен­циј, кои за кра­ток пер­и­од би­ле уби­е­ни, по што во Ми­ла­но бил из­да­ден овој едикт

Ми­лан­ски­от едикт обез­бе­ду­ва рам­но­прав­ност на вер­ска ос­но­ва, но, во исто вре­ме, и одре­ду­ва вра­ќа­ње на од­зе­ме­ни­те имо­ти ка­де што се сре­ќа­ва­ле хри­сти­ја­ни­те, кои на по­че­то­кот на 4 век би­ле при­сут­ни во си­те сфе­ри на оп­штес­тве­ни­от жи­вот во ста­ри­от Рим. Мно­гу­ми­на од нив за­зе­ма­ле вид­ни по­зи­ции во вла­ста и за­тоа ед­на од це­ли­те на еди­ктот би­ла да се обез­бе­ди изу­чу­ва­ња на раз­лич­ни вер­ски и фи­ло­зоф­ски уче­ња со цел да се за­си­ли рим­ска­та др­жа­ва. Рим­ски­от им­пе­ра­тор Кон­стан­тин Пр­ви Ве­ли­ки, кој во­ед­но е и пос­лед­ни­от им­пе­ра­тор што вла­де­ел со це­ла­та Рим­ска Им­пе­ри­ја, во 313 го­ди­на во Ми­ла­но го пот­пи­шал до­ку­мен­тот, Ми­лан­ски­от едикт е пр­ви­от до­ку­мент што де­нес е ос­но­ва за тоа што се на­ре­ку­ва вер­ска то­ле­ран­ци­ја. Прос­ла­ва­та во чест на Ми­лан­ски­от едикт се одр­жу­ва во Ср­би­ја за­тоа што се сме­та де­ка Кон­стан­тин Ве­ли­ки е ро­ден ме­ѓу 271 и 273 го­ди­на во гра­дот На­и­сус, де­не­шен Ниш.

(објавено во 58. број на неделникот „Република“, 11.10.2013)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top