Објавен е огласот за вработување на 300 лица со инвалидитет, соопшти министерот за труд и социјала Диме Спасов. Конкурсот ќе трае 30 дена, а ќе се вработат 160 лица со ниско, 100 со средно и вишо и 40 со високо образование.
– Изборот на кандидати за засновање на работен однос ќе се врши согласно утврдените критериуми на бодување и тоа за период и години на невработеност 40 бода, личен приход на лицата со инвалидност 30 бода, приход на домаќинство до 20 бода и за еднородителско семејство до 10 бода – изјави Диме Спасов, министер за труд и социјална политика.
Тие кои ќе ги исполнат условите ќе се вработат во Македонски шуми, а од таму ќе бидат распределени во други институции. Од Македони шуми велат дека аплицирањето е едноставно, се бараат основни документи, а ќе има јавно софтверско електронско рангирање.
– Со сите лица, нашите служби ќе гледат да помогнат ако некои не знае да го пополни образецот, ќе гледам на сите откако ќе заврши огласот, Комисија е формирана кои ќе ги разгледаат и ќе ги селектираат и потоа сите податоци ќе бидат внесени во специјален софтвер и ќе бидат јавно извлечени сите кои ги исполнуваат условите – изјави Жарко Караџоски, директор на Македонски шуми.
Од јавното претпријатие одговорија дека денеска завшува жалбената постапка за 1600 вработувања на социјално загрозени категории граѓани. Има 1200 жалби, а по завршување на жалбената постапка, лицата кои влегуваат во работен однос ќе добијат решенија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.