| четврток, 6 декември 2018 |

Многу држави побараа „вајлд карта“ за Светското првенство во кошарка

15 кошаркарски федерации побараа „вајлд карта“ за настап на Светското првенство што следната година ќе се одржи во Шпанија

Во оваа група се наоѓаат: Нигерија (Африка), Бразил, Канада, Венецуела (Јужна и Северна Америка), Кина, Катар (Азија), Босна и Херцеговина, Финска, Германија, Грција, Израел, Италија, Полска, Русија и Турција (Европа).

Од една континентална зона можат да се добијат најмногу три „вајлд карти“.

Конечната одлука за четирите „вајлд карти“ ќе биде донесена на седницата на Централниот борд што ќе се одржи на 1 и 2 февруари 2014 година во Барселона. Постои опција на седница на истото тело во Буенос Аирес (23 и 24.ноември) листата на потенцијални кандидати да биде скратена.

Извлекувањето на групите за Светското прсвенство ќе се одржи на 3 февруари 2014 година во Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top