| четврток, 6 декември 2018 |

Сонот на Хенри Форд: Светот на тркала

„Со ’форд‘ на фиеста во Келн“ беше едно несекојдневно патување почнувајќи од хрватската престолнина и незаменливиот Загреб, преку градот на Рајна и дом на една од трите најубави катедрали во Европа, сѐ до уникатниот процес на линиското производство на автомобилите „форд“. „Република“ имаше можност да патува со „форд“ и да се запознае со сонот на Хенри Форд

Точно 1.050 поени, собрани од лајкови и споделувања на нејзината фотографија со новата „форд фиеста“ и таткото на „форд“, Хенри Форд, ја одведоа Бојана Алексиевска во Келн – местото каде што се наоѓа најголемата и најстара европска фабрика за производство на автомобили „форд“.

Предизвикот на овластениот увозник, дистрибутер, продавач и сервисер на возилата од програмата „форд“ во Македонија, „Ми-Да Гранд моторс“, беше едноставен – една ваша фотографија е доволна да освоите патување и ретката можност за посета на местото каде што се создаде историјата на модерното и економично возило достапно за сите и каде што до ден денес се работи на иновации што секојдневно го менуваат светот.

Покрај оваа можност да се присуствува на комплетното создавање на вашата „фиеста“, „Со „форд‘ на фиеста во Келн“ беше едно несекојдневно патување почнувајќи од хрватската престолнина и незаменливиот Загреб, преку градот на Рајна и дом на една од трите најубави катедрали во Европа, сѐ до уникатниот процес на линиското производство на автомобилите „форд“. „Република“ имаше можност да патува со „форд“ и да се запознае со сонот на Хенри Форд.

Историјата на „Форд“ во Келн

Сонот на Хенри Форд бил „да се стави светот на тркала“ и да се изгради возило достапно за секој човек. На овој револуционер во автомобилската индустрија му помогна уште еден извонреден иноватор, првиот канцелар на Западна Германија, тогаш градоначалник на Келн Конрад Аденауер.

Барајќи ново погодно место за развој на своите фабрики во Европа, Форд ја прифатил привлечната и поволна зделка на Аденауер за преселба на фабриката од Берлин. Местото за изградба на кејот на Рајна во Келн тој го добил по многу достапна цена. Но, во обид да обезбеди што поголема сигурност за својот град, Конрад вметнал уште подобар предлог и му ги продал на Форд сите места околу тогашната прва зграда за производство.

Денес оваа зграда во градот во град, поточно фабриката на „форд“ во Келн, се нарекува „срцето на Форд“. Фабриката денес е проширена на сите тие околни места, а во неа се одвива целосното производство на автомобилите.

Поставеноста до реката Рајна овозможува директен транспорт на готовиот производ низ цела Германија, кој се пренесува преку бродови, со автовозови по патиштата и со возови преку железницата.

FORDreportaza-2

Келн и келнската катедрала

Четвртиот по големина град во Германија лежи на двете страни од реката Рајна. Културната престолнина на северната германска покраина е дом на еден од најстарите европски универзитети, како и на повеќе од 30 музеи и на стотици галерии.

Денес веќе наголемо населен со дојденци, најчесто од Турција, Келн се бори да го задржи својот германски дух, кој сѐ уште живее во неговиот центар, во карактеристичните германски градби, безбројните локали каде што се точи уникатно пиво и се нудат специјалитетите од германската кујна.

Живее и во една од најубавите европски катедрали. Споменикот на христијанството се градел со векови, но резултатот е величествен.

Келнската катедрала, со својата застрашувачка убавина, е прогласена и за светско културно наследство, а нејзината градба и денес е школа и цел за восхит на секој архитект.

Создавањето на возилата

Производството на лента на првиот човек на сериското создавање автомобили, Хенри Форд, и денес е дел од фабриките „Форд“ во светот. Во комплексот од неколку фабрички згради во Келн, автомобилите комплетно се создаваат во кругот на фабриката.

Првиот процес е создавање на потребните делови за автомобилот. Огромни преси и најнови модели на роботи и машини се дел од овој процес на обликување на скелетот на „форд“.
Следниот процес, пак, е спојување на сите тие делови – поточно, основата на автомобилот.

Огромниот број машини и роботи во текот на денот дел по дел се исклучуваат, при што се врши комплетна проверка на нивната исправност. На овој начин се избегнуваат или, пак, проверуваат грешките во тој процес на целосно создавање.

FORDreportaza-4

Автомобилот подоцна се пренесува во просториите за боење. Фабриката „Форд“ во Келн, главно, работи по порачка, па вие може да ја одредите бојата на вашиот автомобил. Следниот процес е спојување на телото со моторот, како и додавање на цела опрема.

Подоцна следува и тестирање на комплетниот производ, а подоцна и транспорт низ целиот свет.

Во целиот тек на создавање на автомобилите „форд“ се посветува внимание на секој детаљ, по секој чекор се вршат проверки на веќе сработеното, па човечките грешки или грешките на роботите веднаш се елиминираат.

FORDreportaza-5„Форд“ низ бројки

1930 година – Седиштето на фабриката „форд“ во Европа беше преместено од Берлин во Келн
oд 1979 до денес во Келн се создадени 6,5 милиони возила „форд фиеста“
Повеќе од 17.300 вработени во целиот погон на „Форд“ во Келн
Повеќе од 20 проценти од нив се жени
44 години – просечната возраст на вработените во фабриката
20 години – просечниот стаж на еден вработен
80 автомобили се подготвени за дистрибуција на секој час
13 часа – потребното време за целосно да се направи еден автомобил „форд“

FORDreportaza-3

„Со ’форд‘ на фиеста во Келн“

„Ми-Да Гранд моторс“ реши соодветно да ја прослави стогодишнината од автомобилската производствена лента на Хенри Форд.

Предизвикот „Со ’форд‘ на фиеста во Келн“ им овозможи и на тие што во моментот не можат да си дозволат нов автомобил, а се љубители на производствениот процес, на „Форд“ и на германското пиво, преку фотографија од неколкуте настани во „Сити мол“, а потоа гласање за неа на нивната апликација, да го освојат патувањето на германската фиеста.

Првото место го доби скопјанката Бојана Алексиевска. Цел викенд користење „форд фиеста“ со полн резервоар гориво, поточно второто место, го доби Александра Теова, додека, пак, очила за сонце од марката „форд“ доби Сања Анчевска.

 

FORDreportaza-6

Мотор на годината

Посебна гордост на инженерите во „Форд“ е новиот екомотор. Помала потрошувачка, а, сепак, помало испуштање јаглероден диоксид и загадување на воздухот додека испорачува повисоки перформанси. Овој „зелен мотор“ заслужено ја доби најпрестижната награда за иновативност во автомобилизмот – меѓународен мотор на годината, и тоа двапати по ред.

Целиот процес на создавање на овој мотор се одвива во посебен погон во комплексот „Форд“. На вработените им се овозможени најсовремените помагала во текот на целиот процес, а современите компјутерски роботи извршуваат и по неколку функции на производната лента.Овој екомотор, дополнително доопремен и специјално дизајниран токму за овој автомобил, се произведува во „Форд“ каде што наспроти него, во истата фабрика се произведуваат и моторите на луксузната марка „астон мартин“.

Форд го промени животот

Квалитетот, сигурноста, иновативноста и „зеленото производство“ се главните цели на „Форд“.

Хенри Форд со своите идеи го промени животот на многу луѓе. Тој го направи автомобилот достапен за секого, линиското склопување и методите на масовно производство ги променија стандардите во глобалната индустрија.

Визијата на Хенри Форд се остварува до последен детаљ. Се создаваат автомобили приспособени за потребите на купувачите во светот, се внимава на природата и на ефикасноста.

Токму затоа целата електрична енергија што се користи во производствениот процес е увезена од Скандинавија и е хидроелектрична, зелена електрична енергија.

Сите предности на вработените во „Форд“

Во германскиот „Форд“, пред сѐ, се фокусираат на ефикасноста. Вработените не се форсираат секојдневно да го даваат својот максимум, туку да се чувствуваат пријатно и сигурно и со што помалку грешки да ја завршат својата работа. Никогаш да не бидат преморени или, пак, под стрес дека им следуваат ригорозни казни, тие на работното место имаат пријатна атмосфера за работа – формула, која челниците на „Форд“ ја оцениле како најдобра.

FORDreportaza-7

Токму оваа атмосфера ослободена од стрес и тимската работа, според досегашните резултати, е совршена. На секоја грешка се пристапува само од агол на решавање на проблемот, а не со префрлување на вината.

„Форд“ е отворен и кон секоја националност и се гордее со својата разновидност и мултиетничност кај вработените, како и со големиот број жени вработени во производството на автомобилите.

Пишува: Марина Костовска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top