Новиот државен секретар на САД Џон Кери наскоро ќе ја посети Русија, соопшти рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по средбата со потпретседателот на САД Џо Бајден во саботата на 49-та Минхенска конференција за безбедноста, пренесоа руските медиуми.
-Џо Бајден потврди дека Џон Кери ја добил поканата ја посети Русија и се надева дека ќе ја искористи во најскоро време- рече Лавров.
Тој соопшти дека е постигнат договор за посета на Москва на помошникот на американскиот претседател за прашањата на националната безбедност Том Донован.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.