| четврток, 6 декември 2018 |

Сноуден сака да сведочи за прислушувањето на Меркел

edvard snouden

Поранешниот службеник во американската разузнавачка агенција, Едвард Сноуден, е подготвен да сведочи пред германските истражители околу извештајот за прислушување на телефонот на германската канцеларка Ангела Меркел од страна на САД. Ова го тврди германскиот пратеник Ханс Кристиан Строебле, кој имал средба со Сноуден во четвртокот во Москва.

Пратеникот за германската телевизија АРД рекол дека неговиот соговорник знаел многу и дека денеска детално ќе соошти за неговата средба и за писмото на Сноуден што го испратил до германската влада.

– Јасно даде до знаење дека знае многу и дека сѐ додека НСА ја блокира истрагата, тој е подготвен да дојде во Германија и да сведочи, но и дека мора да се разговара за условите – рекол Строебле.

 

snowden

Тој на „Твитер“ објави и фотографија со Сноуден за да ја потврди својата приказна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top