| четврток, 6 декември 2018 |

Стратегија за намалување на долгот на „Горење“

gorenje_velenje_2Надзорниот одбор на словенечкиот гигант за бела техника „Горење“ усвои стратешки план за групцијата за периодот од 2014 до 2018 година. За тој чекор се одлучија поради промената на многу околности.

„Една од клучните цели е намалувањето на долгот, така што односот меѓу финансискиот нето-долг и добивката пред каматата, даноците и отписите нема да биде повеќе од три“, соопштија од компанијата. Групцијата планира повеќето свои приходи ќе ги оствари во Европа, а во исто време двојно да ги зголемат приходите на пазарот надвор од Европа, на околу 170 милиони евра во 2018 година. Групацијата од 2010 година го зголемува уделот на основните производи и услуги за домаќинства во вкупните приходи. На тој начин во 2018 година приходите од основните активности ќе изнесуваат повеќе од 90 проценти од сите приходи, а во 2012 година тој удел изнесуваше 85 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top