| четврток, 6 декември 2018 |

Прилепчанец се обесил во Демир Хисар

besilka40 годишен прилепчанец се обесил откако не го примиле во болницата во Прилеп. Според информациите кои ги објави Телевизија Орбис се работи за лицето В.М кое вчера се обратило во психијатриската болница за душевни болести каде што сакал да биде примен.

В.М од Прилеп кој и претходно бил пациент во оваа душевна болница од сѐ уште неразјаснети причини бил одбиен од болницата по што тој одлучил својот живот да го заврши со бесење на предавателот за телефони кој се наоѓа веднаш зад поштата во Демир Хисар а е во непосредна близина на болницата.

Веднаш после пријавата од очевидци на лице место пристигнала екипа на брзата помош од Демир Хисар, но била констатирана само смрт.

Денеска увид на лице место извршија истражен судија и јавен обвинител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top