Соодветно облечени или соблечени, предотерани или, пак, преобични, велат за вкусовите не се расправа. Меѓутоа, судот на публиката, посебно македонската, е секогаш строг.
На анкетата која „Република“ ја постави на својата интернет страница, вие имавте можност да гласате за тоа чиј изглед најмногу или најмалку ви се допадна.
Во конкуренцијата од 15 личности од јавниот живот, гласовите одлучија кој најдобро, а кој најлошо стилски се изрази.
Дури 94% од вкупниот број на гласови за неа 959, велат дека Каролина е најдобро облечената посетителка на „Модниот викенд“. Во креација на Цаци Пакоска, и како посетител токму на нејзината ревија, македонската поп принцеза ги освои повеќето симпатии и доби само 56 гласови „лошо облечена“.
[poll id=”70″]
Најстрога, публиката на „Република“ се покажа кон поранешната манекенка, а сега модна новинарка Снежана Богдановска и нејзината ќерка Анастасија. Иако тие две беа единствените кои секојден ја испочитуваа темата на овој „Моден викенд“, поточно панк и гранџ стилот, сепак 788 гласа, поточно 92% од вкупниот број на гласови за нив, го прави ова дуо најлошо облечено, барем во оваа конкуренција.
[poll id=”57″]
Најподелени ба гласовите за Катарина Ивановска.Светски познатата манекенка и топ модел доби 950 гласа, од кои 46% велат дека не им се допаднало како таа изгледаше на „Модниот викенд“, останатите 54% пак, ја сметаат за одлична нејзината комбинација.
[poll id=”61″]
Погледнете ги сите резултати тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.