Скратувањето на работната недела од 40 часа на 30 ќе придонесе за благосостојба, за подобар семеен живот и ќе ги зајакне пријателствата, велат економистите. Истражувачката организација „Нова економска фондација“ (НЕФ) препорачува пократката работна недела да се постигне со постепени промени во пазарот на трудот. Претприемачите да ги охрабрува работниците често да отсуствуваат наместо зголемување на нивните плати, додека младите луѓе на почетокот на своите кариери да работат четири дена во неделата, што е успешен модел во Холандија.
Следејќи го примерот на Белгија, би требало да им овозможи на сите вработени да работат помалку и да се зголемат минималните плати, се наведува во анализата. Белгија , Холандија и Германија покажаа дека е можно да се спроведат вакви промени без да ѝ се наштети на економијата. Скратената работна недела ќе го намали притисокот особено за жените и ќе им дозволи да ги поделат одговорностите дома со сопрузите, а со тоа ќе се зголеми еднаквоста меѓу половите.
– Ние сите знаеме дека времето е пари. Нееднаквоста помеѓу богатите и сиромашните сѐ повеќе се продлабочува, скандал што крие уште една форма на нееднаквост, помеѓу оние кои во голема мера го контролираат своето време и оние кои не го можат тоа. Недостигот на време и недостигот на пари често одат рака под рака – вели Ана Кут, шефица на секторот на социјалната политика во НЕФ, но вели дека времето е многу поскапоцено од тоа.
– Недостигот на време за себе сериозно може да влијае на нашето здравје и благосостојба на нашиот семеен живот, пријателства – додава Кут.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


