Романија ја тресе аферата „Симота“, а сценариото е како од мафијашките филмови снимени во Холивуд. Во 2007 година спонзорот на фудбалскиот клуб Џиу Петросани, Алин Симота, со нож под грло го убедил својот играч Дан Каталин Галдеану да се откаже од побарувањата во висина од околу 9 илјади долари. Поголемиот дел од парите, односно 7,5 илјади долари, биле по основа на плата, а уцената од Симота не завршила само со вербални закани, туку и со физички атак кон фудбалерот. На Симота му помагал и неговиот телохранител Кристијан Константин, а тие жареа и палеа во клубот од 2001 година до оваа година. Во мај Симота беше притворен, па приказната излезе на виделина. Медиумите во Романија сега бараат одговорност и од судските органи поради небрежност и прашуваат дали во романскиот фудбал има уште вакви случаи?
– Му благодарам на Бога што останав жив. Им кажав дека не го потпишувам документот што ми го понудија бидејќи со ангажманот на теренот, апсолутно, си ги заслужив парите. Веднаш почнаа да ми се закануваат, а додека се свестив, острицата од ножот ми беше под грлото. Морав да се согласам за да си го спасам животот – изјави Галдеану.
Романскиот фудбал има мошне добар рејтинг, предводен од гигантите Стеауа и Динамо Букурешт, но и многу проблеми. Особено со дел од сопствениците на клубовите, кои се зад решетки поради криминални дејанија. Со Симота, во затвор е и Џиџи Бекали, сопственикот на Стеауа, а беа процесуирани уште неколку случаи во кои имаше незаконски работи од страна на спонзори, челни луѓе или сопственици на други клубови во Романија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Земјотрес од 5,8 степени во Романија


