| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија во фокусот на Евроазискиот економски форум

Поканата министерот Павлески и директорот Фида лично им ја упатил лично Аккан Сувер, претседател на Фондацијата Мармара

павлески индијаМакедонија и можностите за инвестиции ќе добијат посебен панел на Евроазискиот економски форум во Турција во април. Поканата министерот Павлески и директорот Фида лично им ја упатил Аккан Сувер, претседател  на Фондацијата Мармара, организатор на Форумот на кој учествуваат бројни високи државни претставници, меѓу кои и македонскиот претседател.

Средбата е една од многуте за време на Тркалезната маса на Македонско – Турскиот деловен совет (DEIK) во Турција, каде што владиниот тим, Министерот за странски инвестиции, Бил Павлески и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида отпатуваа по учеството на Глобалниот партнерски самит во Индија.

На Тркалезната маса,Павлески и Фида ги пренесоа поволностите за инвестиции, како и  придобивките од отворање и водење бизнис во Македонија. Настанот е од исклучителна важност, бидејќи до информациите кои беа споделени, пристап ќе имаат околу 1 300 000 компании членки на асоцијацијата. Покрај турските компании кои се потенцијални инвеститори, како потврда на презентацијата присуствуваа и компании кои веќе инвестирале во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top