Економски тим, предводен од вицепремиерот Владимир Пешевски и од директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида, денеска ги презентира условите за инвестирање и водење бизнис во Македонија пред бизнис заедницата на Питсбург, САД.
Во рамки на посетата на Питсбург ќе биде одржан и настан во соработка со организацијата „Глобал Питсбург“, на кој ќе учествуваат претставници на компании од областа на Питсбург кои се заинтересирани за можностите за инвестирање во Република Македонија. Договорени се и средби со менаџментот на неколку компании од металопреработувачката индустрија, автомобилската индустрија, како и од индустријата за производство на висококвалитетна заштитна опрема при работа, каде што ќе се дискутира за поволностите кои ги нуди Република Македонија за инвестирање на странските компании, како и за условите во технолошко-индустриските развојни зони.
Македонскиот економски тим ќе го посети и градот Јангстаун.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.