Европа не треба да се гледа себе си како „папокот на Земјата“, и треба да разбере дека центарот на светскиот економски развој се наоѓа во други региони, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во обраќање на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.
– Светот се разликува од она, што бил досега. Ние во Европа имавме илузија во тек на долго време, дека сме папокот на светот во буквална смисла, дека сме центар на светот и продолжувавме да гледаме и да сметаме само на нашето најблиско, непосредно опкружување. Но, економскиот центар на планетата веќе се преместил, и новопојавените сили играат се поважна улога на економско и геополитичко ниво, истакна Ципрас.
Тој истакна дека улогата на Русија во светот се зголемува.
– Улогата на Г-8, зголемувањето на значајноста на процедурите за регионална соработка во рамки на земјите од групата БРИКС се сведоци за обновен нов економски свет, истакна Ципрас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Ципрас: Повеќе не постои нелогична употреба на тајните фондови на МНР
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!