| четврток, 6 декември 2018 |

„Лонли планет“ препорачува: Македонија во топ 10 земји што треба да се посетат во 2014 година

makedonija

Светскиот печатен водич „Лонли планет“ во своето специјално издание „Бест тревел 2014“ ја препорачува Македонија како најдобра меѓу најдобрите земји, која треба да се посети следната година.

Во образложението зошто треба да го сторите тоа, се вели: Ревитализација – вака може да се опише земјата, чиј главен град Скопје тукушто привршува масивен урбан проект за обновување, а во земјата има и други вакви места, како Берово, кои се на пат да станат големи спа-центри.

Покрај Македонија, водичот како најдобри земји кои треба да се посетат следната година ги препорачува и Малезија, Бразил, Белгија, Шкотска, Сејшели, Шведска, Мексико и Малави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top