Се помалку има работа за извршителите. Барањата за наплата се зголемуваат, но реализацијата е во надолна линија, објавува „24 вести“.
Од вкупно 164 илјади барања, наплатени се само 26%. Оваа бројка според претседателот на комората дополнително ќе паѓа до крајот на годината.
Очекувањата се дека голем број од извршителите ќе отидат под стечај.
Барања за наплата покренуваат и физички лица против државни органи, најчесто за надоместоци на штети, а често и правни лица по пресуди од парнични постапки за исполнување договор, за долгувања.
Овде може да е вклучено кое било министерство, ЈП Македонија пат и општините. Тие се често тужени поради неисплатени услуги, градежни работи кои ги нарачувале, а не ги подмириле.
Во моментов во Македонија работат 97 извршители. Најголемата наплатена сума досега е 9,5 милиони евра. Најчести должници се физичките лица во делот на неплатени сметки за струја , парно и телекомуникациски услуги.
Според извештаите, застарените сметки и по 10 години може да стигнат на адреса на граѓаните за наплата. Согласно законот, по почетокот на присилната наплата настанува прекин на застарувањето на случајот и извршната постапка трае 100 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.