| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската ракометна репрезентација ги почна подготовките за мечот со Црна Гора

Ракометната репрезентација на Македонија ги започна подготовките за претстојното Европско првенство во Данска

makedonija-rakomet

Контролните дуели со црногорската селекција ќе се одиграат в петок и в сабота во Струмица. Првиот ќе биде затворен за јавноста, а на вториот ќе биде дозволено присуство на публика.

Обрван за овие средби не може да смета на повредениот Филип Миркуловски, а денеска откажаа и Ванчо Димовски и Велко Маркоски, и двајцата поради повреди.

Во репрезентацијата повторно е повикан голманот Петар Ангелов, а во текот на подготовките ќе се решава за неговата состојба. Доколку Ангелов не може да одговори на обврските, ќе биде повикан Златко Даскаловски.

Замена за Димовски селекторот најде во Жарко Пешевски од Металург.

– Овие подготовки ќе бидат добредојдени и за играчите, малку „да одморат“ од клупските обврски, а ние да пробаме да поработиме на некои нови варјанти. Проблем ќе ни е отсуството на Велко Маркоски, еден од клучните играчи во одбраната – истакна Обрван.

На првиот собир не беа присутни репрезентативците од Вардар, кои вчера играа натпревар од СЕХА-лигата, а се очекува доаѓањето на интернационалецот Влатко Темелков

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top