| четврток, 6 декември 2018 |

Во Прилеп се одбележува годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Викендов, во Прилеп, се одбелеѓува 141-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. По тој повод ќе се одржи семакедонски собир во организација на Граѓанската иницијатива за национално, културно, и духовно обединување на македонскиот народ.

Собирот ќе биде отворен попладне, а на него ќе присуствуваат претставници од здруженијата на Македонците од соседните земји и од најзначајните македонски институции. На отворањето ќе се обратат градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески и претседателот на здружението „НЕ-ИМА“ Борис Темоски.

Во градската библиотека „Борка Талески“ ќе се одржи тематска расправа „Улогата на политиката, научните институции и самостојните истражувачи во меѓусебното разбирање на народните на Балканот“, а од 19 часот во Домот на културата „Марко Цепенков“ на свечена академија свои излагања ќе имаат организациите на Македонците од Пиринскиот, Егејскиот дел, од Мала Преспа и Голо Брдо, како и од Србија и Хрватска.

Тематската расправа на семакедонскиот собир ќе продолжи и утре кога се очекува да бидат донесени заклучоци.

В понеделник, на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, учесниците ќе положат цвеќиња и ќе му оддадат почит на неговиот гроб во црквата Свети Спас во Скопје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top