Американската Национална безбедносна агенција (НСА) ги негираше информациите во германскиот печат дека претседателот на САД, Барак Обама, бил лично известен за шпионирањето на телефонот на германската канцеларка Ангела Меркел.
Портпаролката на НСА, Вани Вајнс, соопшти дека шефот на службата, генерал Кит Александар, не разговарал со претседателот Обама во 2010 година за наводната странска разузнавачка операција која се однесувала на германската канцеларка Меркел, ниту некогаш разговарал за наводните операции кои се однесуваат на канцеларката Меркел.
Германските медиуми претходно објавија дека прислушкувањето е можно да почнало уште во 2002 година што дополнително го зголеми бесот низ светот кој претходно го предизвикаа наводите дека НСА шпионирала десетици светски лидери и милиони обични граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.