| четврток, 6 декември 2018 |

Нина Мориќ обвини дека татко ѝ сексуално ја злоставувал, татко ѝ вели дека сѐ е „гнасна лага“

Nina-Moric-1680x1050-001По изјавите на хрватската манекенка Нина Мориќ, дека додека била мала нејзиниот татко сексуално ја злоупотребувал, се огласи и нејзиниот татко. Тој тврди дека сѐ е измислено.
– Сѐ што е кажано е монструозна и гнасна лага што тешко ме погоди. За сите други изјави и потези, за лажно обвинување од страна на мојата ќерка и анинимниот извор ќе се консултирам со адвокати и правдата ќе ја побарам на суд. Под голем стрес сум поради ова – вели за „Јутарни лист“ таткото на Нина Мориќ.

Тој рекол дека со пренесување на обвинувањата од страна на анонимен извор, кој лажно се претставил како член на семејството, му е нанесена голема штета.

Нина Мориќ во телевизиско шоу на италијанската телевизија „канал 5“ изјави:

-Татко ми се силуваше додека бев девојче. Со години мислев дека тоа е моја грешка. Поради тоа, на 16 години побегнав од Хрватска.

Нејзината колешка која го водела интервјуто, Силвиа Тоф, била шокирано од ова признание, па ја прашала Нина дали денес е во контакт со својот татко и како сега се чувствува.

– Последните пет години раните зараснаа, затоа сега можам да зборувам за траумата. Не сум во контакт со својот татко. Ќе напишам книга за својот живот и така ќе се обидам да им помогнам да девојките кои поминуваат низ ова трауматично искуство – додаде таа, тврдејќи дека нејзината мајка знаела за траумата која ја преживувала поради својот татко.

„Јутарни лист“ објави изјава и од анонимен роднина на семејството Мориќ, кој посочува дека нејзиниот татко бил груб и насилен и Нина имала проблеми со него.

– Нина имаше проблеми со татко ѝ и имаше одредени ситуации кои таа денеска ги смета за силување. Нејзиниот татко сакаше да се види со Нина и неговата внука летово, додека Нина беше на одмор во Хрватска. Но, Нина му забрани. Штом ја остави својата сопруга, мајката на Нина, ни беше јасно за каков човек се работи. Нина отсекогаш беше прекрасно дете и секогаш имаше проблеми со околуната бидејќи е преубава – изјавил член на нејзиното семејство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top