| четврток, 6 декември 2018 |

Со фаќање на гениталиите истерувал зли духови од деца и жени

Сицилијанскиот свештеник Салваторе Анело е уапсен за сексуално злоупотребување на жени и деца, на кои „им ја лечел душата“. Освен свештеникот, уапсен е и неговиот помошник, припадник на италијанската војска Салваторе Мураторе.

Свештеникот и војникот од Палермо, ги убедувале жртвире дека од нив ќе го истераат ѓаволот. Претходно жртвите, воглавно жени и деца, ги убедувале дека се опседнати од ѓаволот или од зли духови.

Злите сили и свештеникот и војникот ги истерувале со допирање на гениталиите на жртвите.

Мураторе, кој е суспендиран, е обвинет за слоупотреба на најмалку едно девојче и четири жени, додека Анело се терети за злоупотреба на три деца и две жени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top