| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал во Англија: Челси ме плати да молчам за сексуалното злоставување

Некогашниот фудбалер на Челси, Гери Џонсон изјави за „Мирор“ дека клубот од „Стемфорд Бриџ“ му платил 50.000 фунти за да молчи околу обвинувањата за сексуално злоставување.

Џонсон откри дека во 70′ години како 13-годишно момче бил злоставуван од скаутот на служба, Еди Хит кој сега веќе е починат.

„Мирор“ пренесува дека Џонсон во 2015. година потпишал договор за дискреција и прифатил 50.000 фунти од клубот, о тие не ја признале вината. Тврди исто така дека платени се и други за молк.

„Чувствував срам, чувствував како да ми е одземено детството. Ги поминав тинејџерските години во потполен немир. Мислам дека Челси ми плати за да се сокрие ситуацијата. Милиони навивачи ширум светот го гледаат клубот, кој е еден од најбогатите на светот. Тие навивачи заслужуваат да ја знаат вистината. Платија многу за да молчат. Се надевам дека клубовите нема да дозволат ова да биде неважно. Никој не смее да ја избегне правдата“, истакна Џонсон.

Челси истакна дека најмиле адвокатска фирма за да ги истражи некогашните вработени, а оваа недела се повлече клаузулата од договорот со Џонсон која му забранува да зборува за деталите кои се проширија во јавноста.

Хит злоставуваше најмалку тројца млади фудбалери. Кога ги игравме летните натпревари, секогаш беше во соблекувалната, не мислевме многу за тоа тогаш, но се зборуваше дека треба да бидеме внимателни со него. Со 12 години тоа и не знаеш што значи. Бев премногу млад. Дојде кај мене и се запозна со моите родители, ги прашуваше за дозвола да ме земе со себе на натпревари, и така започна се, раскажуваше некогашниот играч на лондоснкиот тим.

Скандалот за сексуалното злоставување на млади фудбалери веќе неколку дена го тресе Островот, а полицијата потврди дека се јавиле околу 350 жртви на британските клубови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top