| четврток, 6 декември 2018 |

Мајка монструм од Дебар: Ја присилувала ќерка си на секс со 60 – годишен маж

Полициската станица Дебар поднесе кривична пријава против Б.Б. (60) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

Во кривичната пријава е опфатена и А.К. (37) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела задоволување на полови страсти пред друг и запуштање и малтретирање на дете.

Според МВР, Б.Б. на неколку пати сексуално, со допирање ја злоупотребил малолетната ќерка на А.К.. Таа, по барање на Б.Б. ја присилувала својата ќерка на полови дејствија со него, но и самата вршела полови дејствија во присуство на малолетната ќерка.

Малолетничката, за таквите постапки го известила и побарала помош од својот татко. Со девојчето бил извршен разговор во присуство на стручни лица од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Дебар, а се очекува судска наредба за дополнителни мерки за заштита на малолетничката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top