| четврток, 6 декември 2018 |

Николас Кејџ не јаде свинско зашто свињите имаат „недостоинствен секс“

Nicolas-Cage-

Новак Ѓоковиќ неодамна промовираше книга во која го откри новиот начин на исхрана кој го претвори во врвен спортист. Но, тој не е единствената личност која направила клучна промена во исхраната. Постојат многу познати личности кои го сториле истото.

Business Insider направи листа на оние со најнеобични прехранбени навики и еве дел од нив.

Николас Кејџ

Николас Кејџ не јаде свинско месо. Дотука сè е во ред, додека не дознаете зошто не сака да го јаде ова месо. Имено тој смета дека свињите имаат „недостоинствен секс“. Затоа најмногу јаде риба.

Рене Зелвегер

Зелвегер е позната како актерка која умее да ги качи и симне килограмите за кратко време. Таа во меѓувреме стекнала навика да грицка коцки со мраз со цел да се чувствува сито.

mark-cukerberg

Марк Закерберг

Закерберг во 2011-та изјави дека го јаде месото само на оние животни кои сам ги убива и нормално стана вегетаријанец.

„Повеќето од луѓето забораваат дека едно живо суштество мора да умре за тие да можат да јадат месо“ – вели тој.

Стив Џобс

Основачот на Apple за време на својот живот имал чудни прехранбени навики. Некогаш јадел една иста храна со недели. Во една прилика изел толку многу моркови што кожата му станала портокалова.

Стивен Кинг

Познатиот автор пред да седне да пишува јаде едно парче торта од сирење. Тој никогаш не јаде како што ја нарекува „лигава храна“ која ви се лизга низ грлото.

Станија во друштво на Хју Хефнер

Хју Хефнер

Ако Хефнер седне во ресторан тој не јаде ништо од менито. Очигледно му верува само на својот личен готвач и ја консумира само храната која тој му ја подготвил. Така, кога Хефнер оди во било кој ресторан му го сервираат она што неговиот личен готвач го испратил таму за него.

Новак Ѓоковиќ

Ѓоковиќ веќе неколку години јаде храна која нема глутен во себе. Тој избегнува рафиниран шеќер, кофеин и млечни производи. Во 2011-та година по победата на Вимблдон, Ѓоковиќ вкуси и од тревата на теренот затоа што како што изјави „сакал да дознае каков вкус има“.

Преземено од Кајгана

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top