Барак Обама, претседателот на САД, од 2010 година бил информиран од директорот на Агенцијата за национална безбедност Кит Александер за следењето на телефонот на германската канцеларка Ангела Меркел, пишува германскиот весник „Билд ам зонтаг“.
-Обама тогаш не само што не ја запрел акцијата, туку одобрил таа да продолжи, изјавил за овој германски весник добро информиран извор од американските специјални служби.
Освен тоа, стручњаците на агенцијата имале можност да ја читаат соддржината на СМС-те на Меркел и да ги прислушкуваат нејзините разговори.
Само статичниот телефон во нејзината канцеларија бил недостапен за агентите на Агенцијата за национална безбедност (НСА).
Нови откритија за прислушкувањето вчера соопшти и германскиот весник „Шпигел“. Весникот соопшти дека прислушкувањето на телефонот на германската канцеларка Ангела Меркел било на списокот со задачи на американската Агенција за национална безбедност уште од 2002 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.