Словачкиот шампион Татран Прешов го освои Скопје. По победата над Вардар во регионалната СЕХА лига во салата Кале, денес во СЦ Борис Трајковски го понижи и Металург со 23-32 (13-15). Македонскиот тим воопшто не личеше на оној Металург кој го знаеме со одличните настапи во ракометната Лига на шампиони. Ослабениот Металург со неиграњето на Димовски, Велко Марковски, Георгиевски, суспендираниот Станиќ и од поодамна повередениот Миркуловски воопшто не успеа да најде против игра на денес одличниот Татран. Со оваа победа Татран најави пласман во фајнлфорот од СЕХА лигата и напад на тронот.
Најефикасен на теренот беше Радислав Антл со девет голови, додека Урбан постигна шест. Во редовите на Металург Атман, Вугринец и Златко Мојсовски постигнаа по четири погодоци. Мијатовиќ успеа да одбрани девет удари кон голот, а Митревски пет. Ова е прв пораз на Металург во СЕХА лигата оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.