| четврток, 6 декември 2018 |

(Фото) Мајката: Морав да ја оставам Марија

cela familija

Фамилија Русеви

Ромката од Бугарија, 35-годишната Саша Русева, мајка на десет деца, вели дека ја сака нејзината Марија назад и дека морала да ја остави во Грција бидејќи немала пари за да извади документи потребни за да ја поминат границата и да ја донесе дома.

Британскиот таблоид „Дејли меил“ пишува дека оваа мајка на десет деца досега двапати била апсена поради продавање деца и во двата случаи избегнала казна.

The Roma parents of young Maria, discovered in Roma camp, Farsala Greece

Грчките Роми кои ја посвоиле Марија

Семејството на „русокосиот ангел“ живее во еднособна, трошна куќа во селото Николаево во Бугарија. Во куќата сѐ е старо и нема вода. Имаат само еден кревет, на него спијат три деца, а другите на под. Двојката, Саша и две години постариот соруг Атан, има десет деца, а пет од нив имаат голема сличност со Марија, блед тен, руса коса и сини очи.

sashka dve deca

Саша со две од нејзините деца

„- е ја продадов  Марија, ниту, пак, ја оставив. Последниве четири години не ја заборавив. Се молам за неа секој ден. Ја сакам назад, ја сакам назад – изјавила Саша, која го родила своето прво дете кога имала само 13 години. Таа објаснила дека била во Грција да работи, а нејзината најстара ќерка се грижела за децата во Бугарија. Но, кога таа решила да се омажи, Саша морала  да се врати дома. Веќе се имала породено со Марија, но грчките власти ѝ барале „стотици евра“ за да ѝ дадат извод за Марија. Бидејќи немала пари, ја оставила кај жена, која ѝ била цимерка. Таа требало да ја прати Марија подоцна во Бугарија, но никогаш не ја испратила. Саша изјавила дека не се сеќава на името на таа жена, ниту на датумот кога ја оставила Марија во Грција.

kuka

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top