| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е Марија, жената која се грижи за најпознатите деца на светот

Која е дадилката која се грижи за најпознатите деца на светот, принцевите Џорџ и Луј и принцезата Шарлот?

Марија Тереза Турион Борало од Шпанија е дадилката на британскиот двор. Има 47 години, а се образувала на колеџот Норланд. Нејзина задача е да се грижи за британското кралско семејство. Во палатата е сега мала мешаница, посебно откако се роди најмладиот претолонаследник Лук. Но, најмногу работа ќе има за Марија, која се грижи за Џорџ (4) и Шарлот (2).

Кејт и Вилијам ја зеле со себе Марија и пред неколку години кога беа во посета на Австралија и Нов Зеланд за да им помогне околу Џорџ. Тие лично ја одбраа Марија и таа е прв странец која се грижи за кралските бебиња. Марија, која е сместена во Кенсингтонската палата и има полно работно време, потекнува од имотно шпанско семејство. За неа велат е омажена за својата работа. Нема сопствено семејство и многу е предана на работата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top