| четврток, 6 декември 2018 |

Нашата Марија Спасовска освои прво место на интернационален фестивал

Нашата Марија Спасовска се натпреваруваше во категорија естрадно пеење и освои диплома Прв Лауреат Премија – прво место на интернационалниот фестивал „Откритија Европа Откритија Планета“ .

Марија беше единствен кандидат од Македонија и донесе награда за својата земја. Македонското знаме се вееше меѓу другите знамиња на земјите учеснички (Русија, Казахстан, Кина, Азербеџан, Литванија, Латвија, Словенија, Србија, Малта)…

Натпреварот траеше 3 дена – на 29-ти, 30-ти и 31-ви март. На 1-ви април се прогласија победниците и се доделија награди според освоени поени од интернационална жири комисија на свечен гала концерт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top