
САД ги прислушувале телефоните на 35 светски лидери откако нивните броеви биле добиени од официјални лица во други владини оддели, објави британскиот весник „Гардијан“, повикувајќи се на документи од 2006 година објавени од поранешниот соработник на американските разузнавачки служби, Едвард Сноуден.
Во документот пишува дека едно неименувано официјално лице предало 200 телефонски броеви, меѓу кои и 35 броеви на светски лидери, кои веднаш биле предадени на службите за следење.

Овој скандал предизвика дипломатски тензии меѓу САД и нејзините сојузници, особено откако Меркел ги обвини САД дека ѝ го прислушувале телефонот.
Белата куќа вчера не ги негираше информациите за прислушување на телефонот на Меркел, но соопшти дека тоа нема да се случува во иднина.
Весникот не објави кои лидери биле шпионирани од американската Национална агенција за безбедност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


