Товарен воз тешко го повреди 22-годишниот М.Т. студент од Кочани. Сообраќајна несреќа се случила вечерва на железничката пруга Велес – Гевгелија, на јужниот излезот од Велес во која младото момче се симнало од патот на пругата сакајќи да изврши нужда. Тогаш наишол возот, објави порталот Дума.
Според првичните информации на СВР Велес возот не го удрил директно М.Т туку најверојатно тој настрадал од силниот ветар што се создава при движењето на превозното сретство. Машиновозачот забележал дека нешто се случило и веднаш го запрел возот од кој излегол и го пронашал дваесет и две годишниот маж како повреден лежи покрај пругата. Веднаш била повикана брза помош и студентот бил пренесен во болница.
– Пациентот е примен со тешки телесни повреди, со скршеница на десна надлактица и повреда на глава. Реанимиран е, укажана му е неопходна лекарска помош и поради сериозноста на повредите кои ги добил во сообраќајната несреќа препратен е во Ургентниот центар во Скопје, рече за Дума.мк д-р Силвана Мишкова портпарол на болницата.
Студентот од Кочани бил патник во автобусот на Атом кој педесеттина минути претходно имал сообраќајна несреќа во Велес. Во автобусот удрил автомобил. Полицијата вршела увид и затоа автобусот стоел во населбата Долни дуќани. Повредениот студент се симнал од автобусот и барал тоалет. Кога не го нашол одлучил да се симне под патот , до самата пруга и таму да изврши нужда. Но тоа било фатално по него.
Полицијата врши увид и на оваа сообраќајка, втора на истото место.Тоа е причина за неколку часовен прекин на железничкиот сообраќај на пругата Скопје – Гевгелија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.