
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска ќе се обрати на Конференцијата за „Е-влада“.
Ќе бидат презентирани достигнувањата на македонската влада во развојот на „Е–влада“, а ќе биде презентиран и моментниот статус и идните планови на ИКТ на одредени владини институции. Конференцијата е организирана од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, француската Амбасада во Македонија, Агенцијата за меѓународна техничка соработка на француските министерства – АДЕТЕФ и Француската агенција за промоција на извозот – УБИФРАНЦЕ.
Пред присутните ќе се обратат и амбасадорката на Република Франција, Лоренс Оер и претседателот на Управниот одбор на МАСИТ, Слаѓан Михајловски.
Конференцијата е поддржана од: Македонски телеком, „Инфомедија“, „Оне“, „Неоком“, „Реактив“ и „Фупол“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Конференција за спа туризам и туристичка берза во Скопје
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин
-
„МакеДокс“ организира Меѓународна конференција „Аудио‐визуелно образование ‐ иднина или сегашност“ во МКЦ
-
Експерти од регионот ќе дискутираат за проблемите во образованието на возрасни


