На Саемот на книгата во Белград, денеска беше одбележан македонскиот државен празник 23 Октомври со свечено промовирање на македонската книжевност и издаваштво, соопшти НУБ „Св. Климент Охридски“, македонско комесар на 58. Саем на книгата во Белград. На штандот на НУБ во Белградскиот саем биле претставени капиталните издавачки проекти „135 тома на македонската книжевност“, „Ѕвездите на светската книжевност“ и едицијата „Нобеловци“. За значењето на проектите пред бројната публика се обратич академик Влада Урошевиќ, а од името на НУБ се обратил директорот на Библиотеката Миле Бошески
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


