| четврток, 6 декември 2018 |

Вугринец втор стрелец во Лигата на шампионите, Лазаров две позиции зад него, а во топ 10 е и Дибиров

Словенечкиот интернационалец Ренато Вугринец од Металург е втор стрелец по четири одиграни кола во Лигата на шампионите, за две места зад него е Кирил Лазаров од Барселона, а во топ 10 се наоѓа и Тимур Дибиров, левото крило на Вардар.

Вугринец досега постигна 27 гола и е на делба на втората позиција заедно со Ларсен од Алборг и Онуфриенко од Мотор Запорожје. Топчијата на Барса, Лазаров, кој е и капитен на македонската репрезентација, досега 25 пати стрелаше прецизно и ја дели четвртата позиција со Уве Генсхајмер од Рајн Некар Левен.

Топ 10 листата на најдобри стрелци ја затвора Дибиров со 24 погодоци во друштво со Егерт од Флензбург, Јурецки од Кјелце и Илиќ од Веспрем.

По 4 рунди, стрелец број 1 во ЛШ е романското крило од Висла Плок, Валентин Ѓонеа со 29 гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top