| четврток, 6 декември 2018 |

Горан Бреговиќ им лапна 50.000 евра на Украинците за евровизиска песна

goranbregovic

Горан Бреговиќ ќе ја компонира евровизиската песна на Украина. Шефот на Оркестарот за свадби и погреби добил нарачка да напише песна сп која Украина ќе се претстави на Евровизија, што ќе се одржи наредната година во Данска. Според српскиот весник Новости Бреговиќ поради бројните обврски се обидел да ја одбие понудата барајќи хонорар од 50. 000 евра, но тоа не било проблем за Украинците. Тие веднаш ја платиле оваа сума, и побарале тој самиот да избере кој ќе ја изведува неговата композиција.

Брега во моментов се наоѓа на светска турнеја на која го промовира албумот „Шампањац за Цигане“. Имал настап во Мексико Сити, по што следуваат концерти во Чешка, Словачка и Украина. Во меѓувреме Брега се подготвува и за донаторската вечер „Saso mange“, која ќе се одржи на 19-ти декември во сараевска „Зетра“, кадешто ќе ги собере најголемите регионални ѕвезди и светски познати музичари. Овој настан е организиран за материјална помош за учениците и студентите од ромска националност во Босна и Херцеговина, во рамките на неговата фондација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top