Со одигрувањето на натпреварите од групите Е, Ф, Г и Х вечерва ќе почне третото коло од Лига на шампиони.
Најинтересен е натпреварот од групата Х што ќе се одигра во Милано меѓу екипите на Милан и Барселона. Седумкратниот шампион на Европа, Милан, со позитивен резлутат ќе биде на чекор од следната фаза, но против себе ќе го има најмоќниот тим на денешницата Барселона. Дрим-тимот на Барселона минатата година загуби во осминафиналето во ова натправарување во Милано со 2-0, но во реваншот си го обезбеди патот во четврт-финалето со победа од 4-0 на свој терен.
Во вториот натпревар од оваа група се среќаваат Селтик и Ајакс.
Во Групата Ф уште едно дерби. Во Лондон годинава препородениот Арсенал ќе го пречека минатогодишниот финалист на Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд. Двата тима се аспиранти за пласман во следната рунда, но тоа треба да го докажат на теренот. Во оваа група се уште тимовите на Марсеј и Наполи.
Тимот на Наполи ќе му гостува на Марсеј, кој се надева на првите бодови во групата и покрај двата пораза во првите две кола како би се вмешале во борба за првите две места кои водат во осминафиналето.
Екипата на нашиот Горан Пандев, Наполи, во досегашниот дел од сезоната се наоѓа во одлична форма и е на делба на второто место во италијанскиот фудбалски шампионат.
Вториот фудбалер кој игра во најсилното натправарување, а потекнува од овие простори, Даниел Георгиевски, со својот тим Стеауа е домаќин на швајцарскиот тим Базел. Швајцарците се најпријатното изненадување во првите две кола со победата над Челси на гости. Сепак, од таборот на Стеауа најавуваат вистинска битка на теренот и освојување на трите бода.
Вториот натправар од групата Е е меѓу Шалке и Челси. Во Гелзенкирхен Шалке го пречекува Челси на Жозе Мурињо. По киксот на домашен терен од Базел, Челси ќе мора да се вади на гостувањето и ќе се обиде да ги освои трите бода.
Во групата Г се среќаваат Австрија Виена-Атлетико Мадрид и Порто-Зенит. Со победа Атлетико е сигурен патник во осминафиналето.
Сите натпревари почнуваат во 20.45 минути.
Натпревари:
Група Е: Шалке-Челси, Стеауа-Базел.
Група Ф: Арсенал-Борусија Дортмунд, Марсеј-Наполи.
Група Г: Австрија Виена-Атлетико Мадрид, Порто-Зенит.
Група Х: Милан-Барселона, Селтик-Ајакс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Прв триумф на Металург во Лигата на шампиони
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)


