| четврток, 6 декември 2018 |

Веќе месец дена не зборува, стои на едно место и „гласно молчи“ (ВИДЕО)

0039007.48

Не зборувa, не се движи и не се откажува. Не дава никакви изјави за медиумите. Со огледало во рака стои на истото место без разлика на временските услови и гледа само во една точка. Јелена Топиќ веќе еден месец стои на плоштадот во Приедор во  Босна и Херцеговина и „гласно молчи“ во знак на протест што е дипломирана, а невработена.

– Нејзината порака преку молчење е уште погласна во време кога насекаде владее галамата – вели локалниот уметник за босанските медиуми, кој во протестот на Јелена гледа современа уметност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top