| четврток, 6 декември 2018 |

Во Грција „распнат“ кандидат за советник затоа што нè вика Македонија

janis butaris1

Јанис Бутарис

Грците гневни на кандидатот за советник на градоначалникот Јанис Бутарис, Дионисис Катраница поради тоа што не нарекол Македонци.

Во својот говор на настанот „Иницијатива за Солун“ Дионисис Катраница не нарекол Македонци, а на прашање зошто го сторил тоа, одговорил дека „тие себеси се нарекуваат граѓани на Македонија и треба да го почитуваме тоа како дел од билатералните односи“.

„Катраница ниту ја повлече својата изјава, ниту ја коригира“, коментираат некои националистички информативни портали.

Со својата изјава кандидатот за советник ја разгневи грчката јавност и предизвика лавина негативни коментари и на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top