| четврток, 6 декември 2018 |

Позицијата десен бек е резервирана, Кирил Лазаров пак во дрим-тимот на колото (видео)

Позицијата десен бек во дрим-тимот на колото во ракометната Лига на шампиони како да е резервирана за македонскиот капитен Кирил Лазаров, па 77-та на Барселона вторпат во низа во четири рунди е член на избраните 7 најдобри ракометари.

Лазаров со 6 гола беше втор стрелец на Барса зад Рутенка во победата од 33-29 против Пари Сен Жермен во дербито на четвртото коло. Неодбранливо во текот на целиот меч биеше 33-годишниот десен бек од Македонија и го заслужи местото во дрим-тимот. Со него се и голманот на Веспрем Алиловиќ, левото крило Нинчевиќ од Динамо Минск, левиот бек на Ла Риоха, Капоте, потоа плејмејкерот на Велење, Скубе, Иван Чупиќ како десно крило на Кјелце и пикерот Роча од Порто. За најдобар ракометар на колото во изборот на ЕХФ е Ренато Сулиќ од Веспрем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top