| четврток, 6 декември 2018 |

ЕХФ пак ги измеша лончињата, навивачите на Веспрем подобри од „Комитите“ на Вардар (видео)

Челниците на Европската ракометна федерација повторно ги измешаа лончињата, а веќе станува очигледно дека Скопје и Македонија им се трн в око како единствен град и држава во Европа со три клуба во Лигата на шампионите.

Новиот гаф на ЕХФ е изборот на навивачите на унгарскиот тим Веспрем за најдобри во Европа, а дури и снимија видеосторија насловена како „Најдобрите навивачи во Европа сонуваат за титулата“. Навистина симпатизерите на Веспрем се одлични, прават суператмосфера на натпреварите во Унгарија, но, сепак, не се дораснати да се мерат со вардаровите „Комити“.

„Црвено-црниот“ вулкан без дилеми е број 1 во ракометна Европа на клупско ниво, а амбиентот на натпреварите на Вардар во Лигата на шампионите сезонава е спектакуларен.

Тоа го признаваат и гигантите, а честитки за прекрасната атмосфера во Скопје пристигнаа и од Барселона и од Пари Сен Жермен, но за челниците на ЕХФ тоа како да не важи. Си направија избор по сопствен и малку повеќе од чуден терк, игнорирајќи ги фактите и нешто што не може да се сокрие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top