В петок, во 20 часот, Македонската опера и балет ќе ја изведе премиерата на познатото оперско дело, „Фауст“ од Шарл Гуно.
Имено, оваа популарна приказна за „продадената душа на ѓаволот…“, која ја овековечи и славниот Гете, се поставува на сцената на МОБ по пауза од 30 години. Режијата сценографијата и костимите се дело на гостинот од Италија, Марио де Карло, со асистенција на неговите помошници, Паоло Паначо, Марко Кастањоли, Трајко Јордановски и Љупка Ристовска. Кореограф е Олга Панго.

Претставата е во три дела, со две паузи, каде што првиот и вториот чин се заедно, вториот дел го претставува третиот чин, а третиот дел е четвртиот и петтиот чин.
Насловната улога ја толкува Зоран Сотиров, а во другите улоги се појавуваат: Благица Поп Томова, Владимир Саздовски, Ристе Велков, Драган Ампов, Дарко Неѓовски и Марика Поповиќ. Диригент е Оливер Балабурски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


