| четврток, 6 декември 2018 |

Станиќ сред натпревар влета во кавга со Червар и со стручниот штаб на Металург

Дарко Станиќ и Лино Червар одамна имаат недоразбирања, а тоа се покажа и овојпат среде натпревар меѓу Металург и Динамо Монск. Во 20. минута од првиот дел Станиќ ја одби наредбата на Червар да се врати на голот на Металург, а потоа се искара со комплетниот стручен штаб. Дел од публиката го исвирка српскиот репрезентативец, а потоа со овации го поздрави. Ниту на првиот тајм-аут што слдеше откако Станиќ беше заменет со Мијатовиќ на голот, Србинот не се приклучи на останатиот дел од екипата да ги послуша советите на стручниот штаб и остана сам на клупата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top