Грција не е изненадена од петатта по ред препорака на ЕК за почнување на преговори за членство за Македонија, но за Атина добрите односи со соседите се поважен елемент од копенхашките политички критериуми. Ова во интервју за емисијата „Сабота 150“ на бугарското национално радио што го пренесе агенцијата „Фокус“, го изјави заменикот министер за надворешни работи на Грција Димитрис Кулкулас.
-Искрено сакам поранешната југословенска република Македонија да стане дел од евроатланската заедница, но само кога ќе ги исполни условите. Нема смисла да почнуваат преговорите со таа држава при сегашната состојба на односите со соседите. Тоа би било контрапродуктивно. Од интерес на европската перспектива на Скопје е да разберат дека треба да изберат или подобри односи со соседите или да заборават на ЕУ – вели тој.
На прашањето на новинарот кој е виновен за оваа блокада – Скопје, ОН или Грција, Куркулас вели дека треба да се знае дека Грција отсекогаш била расположена за решение и дека тие „на северниот сосед не гледат како на ѓавол:
-Од 2003 година ние сме за присоединување на Западен Балкан кон ЕУ. Наш стратешки интерес е сите балкански земји да станат членки на Унијата. Веќе имаме конкретно искуство со членството на Бугарија во ЕУ. Грција немаше да го има ова стратешко партнерство со Бугарија, ако таа не беше членка на ЕУ. Сакаме таа зона на стабилност да ја раширеме. Но, некои прашања кои се наследство од минатото не можат да поминат туку така. Ние предложивме компромис кој е добар за двете страни и ја чекаме реакцијата на Скопје. Но, гледаме дека тамошната Влада воопшто не ја подготвува земјата за таков компромис. Напротив. Тие продолжуваат со препишувањето на историјата, кое и прави проблеми и на Грција и на Бугарија.
Повеќе на МКД.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.