| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар си поигра со Тун (37-24)

Вардар си поигра со швајцарскиот претставник Вакер Тун и славеше убедливо со 37-24 на гостувањето во Берн. Ракометарите на македонскиот шампион ја забележаа првата победа во овој циклус од Лигата на шампионите и тоа го сторија во голем стил, рутински без проблеми. Уште по првиот дел беше јасно дека Вардар е многу поквалитетен тим , направи огромна предност од 8 гола разлика по првите 30 минути и најави дека нема да дозволи изненадување.

Во вториот дел „црвено-црните“ рутински ја одржуваа предноста, што на крајот по 60 минути беше цели 13 гола разлика, за одлична атмосфера пред блокот натпревари со градскиот ривал Металург.

Душебаев и Карачиќ со по 6 гола беа најефикасни кај Вардар, а Брумен и Дибиров по 5 пати се запишаа во листата на стрелците.

Вардар сега има биланс од една победа, две нерешени средби и еден пораз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top