
Поранешникот европратеник и некогашен словенечки министер за одбрана Зоран Талер потврди дека против него се води истрага под сомнеж дека бил вмешан во корупциска афера додека бил член на Европскиот парламент, пренесува МИА.
Тој наведе дека Окружниот суд во Љубљана неодамна ја отфрлил неговата жалба против истрагата дали како европратеник земал пари во замена за лобирање за одредени закони.
Корупцискиот скандал изби во 2011 година кога новинари од британскиот весник „Сандеј тајмс“, претставувајќи се како лобисти, на Талер и на уште двајца европратеници им понудија по 100.000 евра за да лобираат за измени на европските закони. Покрај Талер, пари им беа понудени и на Романецот Адријан Северин и Австриецот Ернест Штрасер. Подоцна се утврди дека во скандалот е вмешан и шпанскиот европратеник Пабло Салба.
Талер и другите европратеници поради тоа поднесоа оставки. Штрасер во јануари беше осуден на четири години затвор поради земање мито, а против Северин беше подигнато обвинение минатиот месец.
Талер за словенечкиот весник „Дело“ тврди дека никогаш не земал пари за да лобира во ЕП. Тој тврди дека знаел дека новинарите го провоцираат, но сакал да истражува и затоа се сретнал со новинарите кои се претставиле како лобисти.
Според словенечките закони за коруптивен акт се смета и ветувањето за давање на поткуп, дури и во случај кога парите не се дадени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ГРЕКО: Македонија спровела само шест од 19 препораки за борба против корупцијата, резултатите разочарувачки
-
Голем скандал го тресе светскиот фудбал пред СП: Познат судија фатен на дело како прима мито
-
Вработени во општина барале 10 ијлади евра мито од инвеститор за да му ја продолжат дозволата
-
Браво за СДСМ, и Африка стана подобра од Македонија!


