
Статус кво состојбата не помага за развојот на земјата, оцени лидерот на ДУИ Али Ахмети по средбата со евроамбасадорот на ЕУ во Македонија Аиво Орав кој го запознал со препораките од извештајот на ЕK.
По средбата, Ахмети оцени дека за ДУИ овој извештај е добредојден бидејќи покажал оти Македонија се уште се наоѓа во агендата на ЕУ и Брисел.
– Овој извештај треба да се чита и анализира внимателно бидејќи тој јасно кажува дека статус кво не помага за развојот на земјата и доближувањето на државата до структурите на ЕУ. Нам ни треба многу посериозен пристап за да се реши главната причина, а тоа се разликите околу името односно постигнување компромис за надминување на сите потешкотии, изјави Ахмети.
Ахмети оцени дека статус кво ситуацијата има своја цена и ние имаме потреба да се помрднеме од оваа точка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


