| четврток, 6 декември 2018 |

Гомбар Алојз има тапија за местото на Шпанските скали

1392767_10151920842244593_501829630_nГрадоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, разговараше со Гомбар Алојз, сопственик на плацот кој државата го продаде за 1.6 милион евра за изградба на шпански скали. Господинот Алојз на градоначалникот Жерновски му ги покажа старите тапии коишто ја докажуваат неговата сопственост.

Скопскиот златар Алојз е инаку внук на Мајка Тереза. Бабата на Алојз и таткото на Мајка Тереза, Никола Бојаџиу, биле родени брат и сестра и по оваа линија семејството на Алојз станало сопственик на куќата на Мајка Тереза. Тапијата за сопственост е издадена од Министерството за надворешни работи од Албанија од 5 август 1947 година и пишува дека мајката на Мајка Тереза, куќата, анот и дворното место ги препишува на Антон Јосифовски, дедо на Гомбар Алојз.

Господинот Алојз покажа документ дека на 8 април 2005 година во Катастар поднел барање за да му биде издаден имотен лист, но вели сѐ уште и по осум години не контактирале со мене и не сакаат да ми го издадат бараниот документ. Тој се обратил и до поранешниот градоначалник на општина Центар, до министерот за транспорт и врски и до градоначалникот на град Скопје. Единствено денес оствари средба со градоначалникот на Центар, Жерновски.

– Секој се надева и живее од надеж. Кога чув дека земјиштето е продадено за 1,6 милион евра и дека на него ќе се градат шпански скали, мислев дека ќе ме викнат и ќе ми понудат некакво обесштетување. Јас сум хуман човек, исто како Мајка Тереза. Децата ми рекоа зошто не направам нешто за да им ја сочувам дедовината – вели Алојз.

Градоначалникот Андреј Жерновски, откако и вработени во Општината ги споредија тапиите со актуелниот ДУП, посочи дека сопственоста не е спорна.

– Советот на Општина Центар ќе закаже седница на која ќе бидат презентирани документите, а ќе го поканиме и господинот Гомбар Алојз да ги презентира своите ставови. На седницата ќе бидат поканети и претставници од Министерството за транспорт и врски. Своите ставови ќе ги кажат и советниците на ВМРО–ДПМНЕ и советниците на „Сојузот за иднината“ за да може да се влезе во решавање на овој предмет – изјави Жерновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top