„Оставете ме на мир“, ова го напиша на неговиот профил на „Твитер“ младиот напаѓач на Милан и на италијанската репрезентација, Марио Балотели.
Во четвртокот, по враќањето во Милано, Балотели го повреди мускулот на ногата, по што ќе го пропушти мечот со Удинезе в сабота, а најверојатно и тој со Барселона во Лига на шампиони.
Од тимот на Милан заклучија дека повредата е последица на стресот поради медиумското внимание кое сѐ потешко го поднесува.
Клубот, дефинитивно, одлучи да ангажира психолог кој ќе работи со Балотели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


